Потребно е да ги препознавате и избегнувате производите кои поради лошиот нутритивен состав никако не би смееле да се најдат во вашата кошничка за пазарење. Здравата храна е мудар избор, но кога ќе влеземе во продавница, често во кошничката ставаме производи кои е попаметно да ги избегнуваме и кои поради лошиот нутритивен состав на нашето тело му прават голема штета.
Еве пет намирници кои би требало да престанете да ги купувате:
Бомбони – нутритивна вредност речиси и немаат, но затоа се преполни со шеќер, засладувачи и ароми кои се штетни за нас. Толку шеќер брзо го крева нивото на гликоза во крвта и дава удар на енергија, но еднакво брзо и исчезнува и не прави уморни.
Чипс – енергетска бомба која навистина не ни треба, бидејќи чипсот се пржи во растително маслo и впива многу заситени масни киселини, кои се лоши за срцето и крвните садови. Покрај тоа во производниот процес се создаваат потенцијално канцерогени состојки кои остануваат во чипсот. Чипсот е преполн со соли кои го зголемуваат ризикот за висок крвен притисок. А ако обожувате чипс, купете некоја овошна или зеленчукова варијанта или направете си сами дома.
Газирани пијалоци – ароми и засладувачи,кофеин, фосфорна киселина…тоа се состојки на пијалоците на кои пишува дека се направени од овошје, но не се.Тоа е нутритивна и здравствена катастрофа која треба навистина да се избегнува.
Виршли-преполни со соли и холестерол, а покрај тоа со бои и ароми, направени од животински остатоци и се многу лоши за здравјето. Нитритите кои служат за конзервирање во желудникот преминуваат во канцерогени соединенија а се поврзани со појавата на карцином.Задолжително да се избегнуваат.
Пуканки за микровална – пуканките инаку се здрава храна која може да ја јадете во поголема количина, но оваа варијанта спаѓа во најнездравите можни оброци. Порцесот на подготовка во микровална прави многу лоша работа – хемикалиите од ќесичката се пренесуваат во пуканките и се акумулираат во телото, со канцероген ефект. Се разбира има и многу соли и заситени масни киселини. Не бидете мрзеливи, купете пченка и направете си пуканки дома.
извор:metro-portal.rtl.hr