Екипата на ЖКК Гостивар е исклучена од понатамошното натпреварување во Вардар Осигурување Првата лига – жени. Причина за исклучувањето на Гостиварчанки се двете неоправдано неодиграни натпревари.

Така, средбите кои требаше Гостивар да ги одигра со Вигор Скопје, Водњански лисици, Пелистер и Билјана 006 се регистрирани со службен резултат 20:0 за противничките екипи.

Викендов стартува втората натпреварувачка фаза – “оролоџо“ со преостанатите 6 екипи.

Во 1. коло се среќаваат: Младинец – Билјана 006, Куманово – Вигор Скопје и Пелистер – Водњански Лисици.