Кога во соработка влегуваат еден од најголемите супермодели на денешницата и реномиран хај стрит бренд, огромното медиумско внимание е загарантирано. Истото се случило со соработката која ја реализирале Кејт Мос и Топшоп, па нејзината втора колекција за познатиот моден бренд е интензивно пратена од медиумите, и пред нејзиното официјално лансирање на полиците и закачалките од Топшоп продавниците.

 

Освен на британскиот Вог, Кејт ексклузива дала и на Харперс Базар, за кој ги открила сите детали на оваа соработка. Во интервјуто кое го прати едиторијалот, модната икона исто така ги открила и петте клучни парчиња без кои не може да ја замисли својата гардероба. На нејзината топ 5 листа се наоѓа црна смокинг јакна, пар совршено скроени фармерки, мал црн фустан, кожна чанта и пар високи потпетици. Токму струкираните јакни во смокинг стил се ѕвезди во најновата колекција на Кејт за Топшоп, во која несомнено ќе се пронајдат бројните имитаторки на нејзиниот стил.

 

извор:fashion.hr