Приватната здравствена организација, поликлиниката Кардиолаб „Маџаров“, со пригодна свеченост, одбележа 5 години од постоењето. 

По повод петгодишниот јубилеј, кој се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7-ми Април, Кардиолаб „Маџаров“ донираше и изврши 100 бесплатни здравствени прегледи на срце, лабораториска анализа на крвта, ангио дино графија на каротидните артерии и преглед од доктор субспецијалист кардиолог – ангиолог.

 

-Не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сте му помогнале. Уште поголемо задоволство од чувството дека тоа сте го сториле на високостручен и целосно професионален начин, на начин на кој се темели медицината, медицина во која покрај денес достапните технолошки можности скоро и да нема место за импровизација, медицина заснована на докази. Иницијативата да формираме здравствена установа беше многу скромна. Сепак желбата да се работи медицина со атрибути како горенаведениве не мотивираа да основаме мала но модерна ПОЛИКЛИНИКА каде на едно место во нашиот Охрид ќе имаме можност да даваме високостручни и квалитетни здравствени услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита. т.е. дијагностика и амбулантско- поликлинички третман на заболувањата на внатрешните органи, срцето и крвните садови, заболувањата на штитната жлезда, додека во склоп на примарната здравствена заштита за првпат во Охрид во нашата поликлиника ќе функционира првата приватна специјалистичка ординација по медицината на трудот која ќе нуди високостручна превентива во контекст на систематски менаџерски и други професионални прегледи. Дневно болничкиот парентерален, третман, лекувањето на пациенти во домашн услови и биохемиската лабораторија ќе бидат истотака дел од нашата палета на здравствени услуги.-истакна во обраќањето по повод јубилејот Д-р Светослав Маџаров.

Во рамки на поликлиниката Кардиолаб „Маџаров“успешно функционираат оддели по Интерна медицина и Кардиологија, Биохемиска Лабораторија, Медицина на Трудот и Општа Медицина. 

OhridNews