101008708Агенцијата за недвижности и маркетинг „БИЛБОРД“ денеска го прославува својот мини јубилеј – 5 години постоење.

Услужувајќи го пазарот за недвижности во Охридскиот регион, од 2015-тата година тимот веќе 5 години постојано се труди да внесува нови и свежи идеи, користејќи современи алатки и методи за промовирање на недвижности. За таа цел агенцијата покрај стандардното фотографирање, изработува 360° виртуелни тури, 3Д планови и скици на недвижниот имот, односно комплетно внатрешно претставување како и надворешно со дрон.

Исто така, има воведено опција за пребарување по локации за што е изработена 360° виртуелна тура на градот Охрид со дрон, со акцент на населбите и поважните објекти, а со цел полесно ориентирање на потенцијалниот клиент во просторот.

„Прилагодени за современ начин на работење, агенцијата постои на пазарот за клиентите и нивните барања. Постојано работиме на подобрување и унапредување на квалитетот на работењето преку модифицирање, усогласување и промена на нашите стандарди. Брзиот, лесен и едноставен пристап кон нашата веб продавница, надополнета со 360° виртуелни тури, професионално изработени фотографии, 3Д план и скица на недвижноста која ја пребарувате го ослеснува создавањето на првиот впечаток за одредена недвижност. Ги цениме времето и парите на клиентите, па на овој начин се трудиме соодветно да излеземе во пресрет и помагаме во изборот на најдобрата понуда. Со професионалиот и детален пристап се овозможува заштеда на време во пребарувањето и полесно утврдување на критериумите на клиентите.“ – истакнаа од агенцијата.

За подетално да се запознаете со работата и понудата на агенцијата посетете ја официјалната веб страна www.bilbord.com.mk, fb страна: www.facebook.com/agencija.bilbord/ , или посетете ја нивната канцеларија која се наоѓа на улица Дејан Војвода бр.8, веднаш позади Охридска банка.

OhridNews