Објавен е Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2014/2015 година.

Согласно Конкурсот, предвидени се вкупно 5.956 слободни места. Распределбата на леглата, ќе се врши согласно Законот за студентски стандард со кој предност се дава на студентите коишто потекнуваат од социјално загрозените семејства, и според кој тие се делат на три категории.

Во првата, опфатени се студентите од ранливите категории, односно од семејства чиишто вкупни приходи не ја надминуваат нето минималната плата утврдена во Република Македонија и за кои државата целосно ги надоместува трошоците за сместување и исхрана во студентските домови. Опфатноста на оваа категорија на студенти е до 40 отсто од вкупниот број на легла во домовите.

Втората категорија се студенти кои постигнале особено висок успех во текот на досегашното учење. Опфатноста на оваа категорија на студенти е до проценти од вкупниот број на легла во домовите.Третата категорија се студенти коишто не се опфатени во претходните две категории, за кои ќе се распределат до 35 отсто од вкупниот број на легла во домовите.

Инаку, пријавувањето се врши електронски, со пополнување на пријава поставена на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години ќе трае до 10.8.2014 година, додека рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 19-ти август и трае до 24-ти август.

Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на 29.8, додека конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 5.9.2014 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Во рок од 5 дена од денот на објавување постои можност за доставување на приговор до архивата на министерството.

OhridNews