31- мај, насекаде се одбележува како Светски ден против пушењето, годинава под мотото „Три начина да се спаси живот“.
Светската здравствена организација ги објави своите податоци според кои доколку не се превзмат сериозни мерки, милијарда луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век. Пушењето одзема 12-20 години од животот и е причина за 21 процент од смртните случаи.
Во Република Македонија според Светската здравствена организација, речиси 21 процент од сите смртни случаи на возраст меѓу 35 и 69 години се поради пушење. Неколку истражувања на СЗО за Македонија, спроведено покажуваат дека цигари запалиле 36 проценти од 15-годишниците, 9% од 13-годишниците и 2 проценти од 11-годишниците. Преваленцата на пушење се зголемила кај женскиот пол. Стапката на пушачи е највисока во Скопје – 13.6 проценти, а најниска во руралните подрачја – 6.8 проценти.
СЗО напоменува дека може да се влијае кон намалување на бројот на пушачи преку исполнување на обврските од Рамковната конвенција за борба против тутунот, како преку формирање на цената, рекламите, знаци на предупредување за штетните последици, забрана за пушење на јавни места…, како и со поголемо здраветвено воспитание во намалување, спречување и откажување од пушење цигари на децата и младите, кои треба да дознаат за позитивните ефекти од откажувањето.