Благодарение на Лајонс клубот Лихнидос, како дел од проектот  „Охрид – Град на Светлината“ беше осветлено училиштето ООУ „Ванчо Николески“ -Лескоец.

Ова училиште за првпат е целосно надворешно осветлено, со најнова лед технологија. Светлата се штедливи, долготрајни и потполно безопасни, посебно затоа што во прашање се деца. Осветлувањето на училиштето е донација од Лајонс клубот Лихнидос од Охрид.

Со осветлувањето е опфатен главниот влез, предната страна од двете крила на зградата, училишното игралиште со реквизити, како и задниот дел од училиштето. Со оваа акција освен што училиштето доби нов естетски изглед во вечерните часови, значително се подобрија условите за безбеден престој на учениците, како и за зачувување на реквизитите што во доцните часови се предмет на уништување.

Соработката со ЛК Лихнидос постои веќе неколку години и е на високо ниво, а ова не е нивниот прв хуман гест. Сигурна сум дека и во иднина ќе имаме други заеднички активности, сѐ со цел подобрување на условите во нашето училиште – истакна директорката на училиштето Елена Ел Нади.

OhridNews