Во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19 Скопје – 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17,  Ресен – 16, Берово – 14,  Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по 5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.


Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: По 3 починати лица од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), 2 починати лица од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 484 оздравени пациенти од кои 15 од Охрид.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61г, од ) кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281.

 

OhridNews