Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1 822 нови случаи со КОВИД-19, тројца починати и 668 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции.

Од 1.822 новозаболени од Скопје се 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.

Од 668 оздравени пациенти од Охрид се 43, а aктивни се 448 случаи.

Од тројцата починати, двајца се од Делчево (70г и 77г) и еден е од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се четири лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

OhridNews