По поразот на Англија од Италија (1:1, 2:3 на пенали) синоќа во финалето на Европското фудбалско првенство, во Лондон, започнаа судири меѓу органите на редот и дел од навивачите.
Епилогот од немирите е 19 повредени полицајци и 49 уапсени лица различни дела.
Инциденти и неколку повредени на „Вембли“ имаше и пред почетокот на натпреварот кога поголема група без билети го проби првиот „филтер“ и се проби кон влезовите на стадионот, но таму интервенираше полицијата и другите редари па ситуацијата се стави под контрола.
OhridNews