Споредбата со земјите од регионот, ЕУ и пошироко покажуваат дека Македонија е на пониско ниво во однос на процентот на луѓе со завршено средно образование и во однос на структурата на средните училишта, се вели во заклучокот од анализата на Институтот за демократија .
Според статистичките податоци, 49,39 проценти од вкупниот број на лица над 15 години не поседуваат или поседуваат многу ниско ниво на образование што, се оценува, дека деструктивно ќе се одрази на идниот економски и социјален развој на државата.
Од вкупниот број на ученици кои што завршиле осмо одделение во учебната 2005/06 (28.280 ученици) во јавните училишта се запишале 26.043, односно, а своето средно образование не го продолжиле околу седум проценти. Не постојат податоци колку средношколци се откажале од образование по запишување во првата година на своето образование што се оценува како многу важен индикатор за отсликување на состојбата во средното образование. Иако основните инфраструктурните предуслови се задоволени и бројот на ученици кои треба да се интегрираат во средното образование е мал (околу 7 проценти од вкупниот број на ученици кои завршуваат основно образование).
Анализите покаражуваат дека се потребни суштински реформи во средното образование, со поголемо учество на локалната самоуправа и приватни иницијативи од страна на бизнис секторот за да се воведе задолжителното средно образование, смета Институтот за демократија. Локалната самоуправа на која е оставена имплементација на Законот, не може само по себе да одговори на сите предизвици иако не и се обезбедат дополнителни ресурси и капацитети за единиците, може да се јави процес на циклична „ре-централизација“ во областа на образованието, се наведува во истражувањето на Институтот за демократија .