7 мај-Денот на македонската полиција, СВР Охрид го одбележа со превентивна кампања посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот „КОВИД 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски.
Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал.
Во рамките на превентивната кампања, полициските службеници, ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење и користење заштитни маски како најпотребно средство во одбрана од Корона вирусот, за неопходноста од поседување и на останата заштитна опрема, држење на потребното меѓусебно растојание и секако на казнените одредби за непридржување до законските обврски.
OhridNews