На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово на 52-годишна возраст, 65-годишна пациентка од Лабуништа, пациентка од Челопек – Тетово на возраст од 62 години и една пациентка од Штип на возраст од 81 година. Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 254, Куманово – 128, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп –34, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола –6, Охрид –3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2, Кочани – 17.
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.
OhridNews