На првиот училишен ден највозбудени беа првачињата кои за прв пат седнуваат во клупа. 483-те првачиња во општина Охрид денес беа пречекани од своите учителки кои им посакаа успешен старт во учебната година.

Главната свеченост по повод почетокот на новата учебна година се одржа во основното училиште „Христо Узунов“, каде присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски.

Стојаноски, на сите ученици им посака да имаат успешна учебна година, проследена со високи оцени и нови другарства.
Во учебната 2018/19 во училишните клупи ќе седнат и 4706 основци и 2019 средношколци.

OhridNews