На улицата „Коста Абраш“ во Охрид, вчеравечер, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на неколку, засега непознати лица врз 18-годишник од Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на лицето му е укажана медицинска помош во Општата болница во Охрид, по што било пуштено на домашно лекување. СВР Охрид презема мерки за идентификување на напаѓачите, информираат од СВР Охрид.

OhridNews