Во последните 24 часа, регистрирани се 1 348 нови случаи на КОВИД-19 од направени 6 141 тестови. Евидентирани се осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените, од Скопје се 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни 1 348, регистрирани се 145 реинфекции.

Од 784 оздравени пациенти од Охрид се 25, а во моментов активни се 565 случаи во Охрид.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица,  4 од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60) и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

OhridNews