Владимир Бојаниќ е нов ракометар на ГРК Охрид.

Одличниот пикер кој игра во два правци потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, информираат од ГРК Охрид.

Драго ми е што ќе бидам дел од овој проект. Се надевам дека ќе ја опрвдам укажаната доверба и дека ќе ја оствариме нашата цел, дека ќе растеме од година во година, изјави Бојаниќ по потпишување на договорот.

Бојаниќ има 28 години, 204cm е висок и 120kg тежок. Има богата кариера зад себе и е огромно засилување за сино-белиот тим. Доаѓа од шампионот на Турција, Бешикташ, а пред тоа настапуваше и во Партизан (Србија), Тримо Требње и Горење (Словенија) каде што има одлични настапи во ЕХФ Купот, како и за Војводина и Металопластика (Србија), додаваат од ГРК Охрид.

OhridNews