Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид гостуваат во Скопје на фестивалот “Гола Месечина”, што ќе се одржи во организација на Театар „Комедија“ од Скопје.
Во рамки на фестивалот, Народен театар Охрид во сабота 7-ми септември, со почеток од 20.00 часот, ќе ја изведе претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски. Сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеевa.
Во 2017 година Народниот театар од Охрид на фестивалот „Гола месечина“ освои „Гран при“ за претставата „Аналфабет“.
OhridNews