Научните работници преку активности насочени кон истражување, проучување, предлагање мерки на превентивен ирепресивен план да придонесат за зајакнување на свеста, безбедносната култура и да ги потткнат процесите на соработка со органите за спроведување на законите, како институции кои можат да идентификуваат, реализираат и оневозможат безбедносни закани и ризици.
Ова го истакна заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу во обраќањето пред учесниците на Меѓународната конференција „Урбана безбедност, јакнење на безбедноста во урбанизираниот свет“ што во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при УКИМ, Факултетот закриминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и Факултетот за безбедност од Белград денеска се одржува во Охрид.
Нухиу додаде дека овремениот и динамичен начин на живот наметнува потреба од соработка на безбедносните институции со академската фела.
– Стабилноста на една држава во многу аспекти зависи од јакнењето на јавната и колективната свест, во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во секој поглед. Потребно е креирање добра национално-безбедносна политика и изградбана соодветни институции што ќе овозможат нејзино спроведување. Државата јасно ги има поставено своите вредности, интереси, насоки, стратешки цели, стремежи, како ибезбедносна политика. Со нивно исполнување во целост, би требало да се оствари нејзината трајна определба – европска и евроатлантска интеграција, рече Нухиу.
Според Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, глобалните и демографските промени, концентрацијата на населението во големите урбани средини, развојотна технологијата што повлекува желба за поголема заработувачка, растот на цените на живеењето носат големи предзивици по безбедноста на граѓаните.
– Проблемите со урбанистичките планови, потребите од ширење на градската инфраструктура, наплив на мигранти, растечкиот криминал, тероризам, воведувањето нови енергенси, еколошките промени создаваат големи проблеми за градските служби, безбедносниот сектор и институциите на системот. Брзината со која напредуваат сите тие процеси и проблемите што произлегуваат од нив се сериозен предизвик за заедницата, нои за науката во изнаоѓање брзи решенија за надминување на истите, посочи Дуев.
Тој предупреди дека градските средини стануваат небезбедни за живеење, со забелешка дека постои илузија на безбедност, но безбедноста отсуствува. Отааму, истакна тој, задача на научната фела, е да ги посочи ризиците и активностите што мора да се преземат за надминување на не сигурноста на граѓаните, аргуменитрано да инсистира на своите ставови и гледишта во корист на заедницата наспроти интересот на бизнис-секторот и политиката, да создава кадри што ќе се справува со проблемите, предизивиците, девијациите што ги носи денешниот урбан живот.
Безбедноста на целокупната популација во едно општество бара мултидисциплинарен пристап на повеќе научни дициплини, од психологија, педагогија, социологија, филозофија… вели деканот на Факултетот за криминологија, криминалистика и безбедносни студии во Сараево, Неџад Корелиќ. – Сметаме дека тоа е друга визија, поинаква од онаа што досега ја практикувавме, рече тој.
На конференцијата во Охрид учествуваат стотината панелисти од Македонија, Летонија, Португалија, Германија, Италија,Романија, Турција, Шпанија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
OhridNews