Филмската адаптација на „Џокер“ озлогласениот лик од Готам сити, познат во  филмовите за Бетмен, доби осум минуни овации на прикажувањето на фестивалот во Венеција. Покрај извонредниот прием кај фестивалската публика „Џокер“ во кој главната улога ја толкува извонредниот Жоакин Феникс, доби и исклучително високи оценки од филмската критика. Телеграф го оцени со 4, од можни пет ѕвезди, додека филмскиот критичар на Гардијан му даде чиста петка.

Психолошкиот трилер го прати трансформирањето на Џокер во негативец каков што и познат на публиката. Светската премиера на филмот е закажана за 4 октомври, а трејлерот на You tube до сега го имаат погледнато над 22 милиони луѓе.

OhridNews
фото: скриншот You tube