Денеска во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 169 возачи.
Од нив, по 46 на територијата на СВР Охрид и СВР Тетово, 19 на територија на СВР Куманово, 16 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Велес…, велат од МВР.
Засилените акциски контроли, додаваат, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
OhridNews