Чек бре бабо аман и ти веќе. Дај смири се. Дај не палардисви многу. Слекви до миничот и подвезиците, седни пред телевизор и вози се со Вучиќ. Ар шо потреба ти да помогвиш. Која си ти да учествуваш во чистката и во владата и во опозицијата. Нек си завршат сами та Зајко та Мицале. Види, види жити леб шо пари си дала за метли. Три пензии си потрошила за 20-тина метли и правосмукалка.

Знам мор бабе знам дека чоекот се мачит ама немојш ти да му помогниш. Оф мори бабо. И за кај го спремаш то ѓомлезето? Оф кутра ти. Амор тој фигуративно рече дека луѓе ќе јајт, а не дека немат шо да јајт. Абе и тепихот ќе го кренит и од таму ќе исчистит. И сам знајт дека полно е со ѓубриња во дворот негов. Не ќе му кажиш ти. Цел народ му кажа, а не само ти.

И веќе ако ојш да помогаш оди однеси му багер. Е како зошто му е. Она шо е обично ѓубре ќе го исчистит со метла. Фат фат в лопатче и ајт. Ама од години шо не си го чистел дворот, така го баталил, ти не знајш колку коров имат во бавчана негова. Па то имат пуштено коров и корења ела истргај го да те видам.

Однеси му и моторна пила. Како зш. Знајш колку бршлени имат израснато. Виткани виткани околу дрвата, закачени како со орлој канџи. Е тука имат работа бабо моја зш таквите паразити како бршлените цицет ли цицет. Тие урвет бетонски столб, а не дрвото, а камоли државата. Само шо едно е заебано тука. Незнам како, ама во бавчата Зајко имат не само шо имат дрва дрвосани, туку бре мајката тие за да преживеат од цицањето на паразитите некако се врзани со народот и тие го цицет народот.

Как да не. Ќе го жалам. Ам јас не ја посадив бавчата негова. Јас не ја забагастрив истата. Јас не бев тој шо сам посади во бавчата негова дрва дрвосани и ја остај така па ѓубрина да се напрает та паразити да цицет. Ам то си е негов проблем. Едно шо јас можам да помогнам и да му порачам за најлесно да помогнит е да му дам совет. Ни метли ни моторни пили. Еден булдужер нека ја откорнит откорен цела бавча и од ново све. Старите дрва нека му ги бапнит на Мицалета па нека се смрдит бавчата негова.

Е седи сега да се видиме и извини шо каснам со баба нешо се расправав. Само да ти кажам дека немам многу време. Па вака. Прво морам да одам до микробиологија ми рекоа да однесам точно 125 грама гомца и да ги чекам резултатите да видат дал имам некоја бактерија. Чек де ќе ти кажам зш. После то одам да дам мокрача и то си морал да дајш 72 часовна за да ти напрает диуреза. Па продолжвам во СВР покрај отисоци од темево морам да дам и отисок од чмаров. Ова го барале да видат дали чмарните набори се симетрично распоредени. Мирен. Ќе ти кажам. После то требит да дам бриз од грло, мишка, морат да е бричена. После на пластичар да ми земат парче кожа да проверат дар сум лепрозен.

И на крај да извам извод од родени, извод на венчани, од децана изводи, потврда за неосудуван….ар ќе ти кажам….потврда до 6-то колено дали некој имал гонореја од предците и ренген снимки од сите коски посебно од тртната. Е со овие документи и испитвењата ако све е во ред ќе можам да влезам во Варош да одам на кумон да му однесам едно пакло цигари зш денојве горе кај кај дедо му е.

Е сега при влегвење ја пејам “Отвори го пенџерчерто“ и то во алт дур, не смеам да грешам. На одење и на враќање да го соберам цело ѓубре, да ги избришам балгамите ако некој плукнал и со четка за заби да истружам ако евентуално помеѓу камењана имат некој гнасотии. Стигвам кај кумон, му ги давам цигарите и февга. Дан ги заразам. Само морат да пазам да се задржам само 15 минути зш ако префлит 16-та минута според советот за безбедност во сообраќајот во градов кумот имат право да ме убиет со мотика, не со пиштол зш тој ем прајт галама ем фрлат пламења, огној и чадој.

Е па шо знам ваљда варошон го напраја резерват за со закон заштитени животинчиња. Не сум сигурен ама мислам дека имало внатре балкански рис. Или афрички јак. Или баба ак се преслит таму. Појма неам.

Џими

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите