Во рамки на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности, Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“. Целта е со овој марш да се поттикнат луѓето на заедништво, слога, еднаквост, хармонија, љубов и меѓусебно разбирање.
- Да ги оставиме поделбите зад нас, да покажеме дека нашата животна заедница е поубава кога сите живееме заедно во слога и пријателство, да ги надминеме предрасудите кои луѓето ги делат по вера, националност, боја на кожа, порачуваат организаторите.
Маршот ќе се одржи во петок, 3 мај, со почеток во 13 часот, а ќе се стартува од три различни локации во градот и тоа:
- Плоштад „Чинар“
- „Кеј Македонија“ (Хотел Ројал)
- Црквата „Св.Софија“
Учесниците на Маршот ќе се движат до градскиот плоштад, каде што официјално ќе биде прикажан видео перформанс реализиран од ПХВ тимот на Црвен крст Охрид со деца од различни етнички групи. На плоштадот „Св.Климент Охридски“ ќе бидат изложени и ликовни творби од учениците на ОСУ „Св. Климент Охридски“ .