Интернационалната полициска организација-регион Охрид, викендов го одржа своето прво годишно Собрание, на кое беше сублимирана работата во изминатата година.
ИПА Охрид беше домаќин на делегации и ИПА групи-членови на ИПА од Хрватска, ги организираше или беше дел од организацијата на повеќе безбедносни кампањи што ги реализира со ИПА Македонија, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, со СВР Охрид, со мото и велосипедските клубови од Охрид. Притоа беа организирани мото и вело дефилеа низ Охрид со цел јакнење на сообраќајната безбедносна култура кај граѓаните. Исто така беа реализирани и бројни меѓународни активности – истакна Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.
Секретарот на ИПА Охрид, Игор Смилески најави иницијатива за збратимување на ИПА регион Охрид со ИПА регион Херцег Нови, секција Црна Гора што требда да се случи во мај и со ИПА регион Бургас, секција Бугарија, во септември оваа година.
OhridNews