Со шоу што ќе се одржи вечерва во големата сала на Центарот за култура извонредното кабаре “2 Mothers Brothers” на професионалните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски,чие пријателство трае веќе 30 години, ќе одбележи мал јубилеј – 5 години постоење на сцената. Шоуто ќе биде збогатено со гости и други изненадувања за публиката.

Билети во продажба можат да се најдат во музичката продавница Зизи Топ, на денот на претставата по цена од 250 денари.

Стартот на шоуто е во 20:00 часот на големата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

OhridNews.