Претставниците на 29. земји членки на НАТО и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел го потпишаа протоколот за пристапување на земјата во алијансата.
Генералниот скеретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на крајот му го подари на Димитров пенкалото со кое претставниците на земјите членки го ставија својот потпис на протоколот.
На заедничката прес-конференција, Столтенберг рече дека откако Парламентите на земјите членки ќе го ратификуваат протоколот, идната Република Северна Македонија ќе стане 30. членка на НАТО и ќе има еднакво право на глас.
„Вашето пристапување ќе донесе поголема стабилност во Западен Балкан, од денес земјата ќе учествува на состаноците како поканета земја“, рече Столтенберг.
Тој не можеше да каже точно колку време ќе трае процесот на ратификацијата во земјите членки и додаде дека за Црна Гора, која последна пристапи во алијансата, траел една година.
OhridNews
Макфакс