На Флорида бил соборен уште еден светски рекорд кога 450 девојки и жени продефилирале во бикини во познатото летувалиште Панама Сити. Како што јавуваат американските медиуми, разголената парада гордо минала 1,6 километри на песочната плажа, носејќи го американското знаме.


Претходниот светски рекорд го држела австралискиот град Златен Брег, во кој минатиот октомври на сличен начин прошетале вкупно 357 жени кои на себе носеле само бикини.