Полициските службеници констатирале 45 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-01, Кичево-26, Дебар-02), информираат од СВР Охрид.

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 53 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-22, Струга-09, Дебар-22).

OhridNews