Во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, при што се регистрирани нови 498 случаи на Ковид-19. Оздравени се вкупно 606 пациенти, а починаа 17 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, од новите случаи, 246 се во Скопје, потоа Куманово-30, Охрид-21, Струга-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Велес-5, Битола-10, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 606 оздравени 45 од Охрид.

Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 567 активни случаи, а во Струга 343.

OhridNews