Денес околу 13:20 часот дел од патот Маврово- Дебар, кај местото викано „Врбјанска раскрсница“, го зафати лавина од снег. Затворена е една коловозна лента, а по другата сообраќајот се одвива наизменично.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

OhridNews