62-годишно лице од струшкото село Лабуништа, вчера, околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари.

Прво му се доближило едно лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, оштетениот тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со друго лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари.

После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews