Реакција на претседателот на здружение египќани Пирамида Зем – Охрид по повод колумната на г-динот Земон, објавена на 20.11.2018

Колку и да се трудам , по прочитаната колумна на Рубин Земон цел ден се борам со игнорирање на степенот на глупавост и катастрофално енормното его на еден хомосапиенс, (кој со “|колумната” докажа дека нема баш некој степен на разумност) потоа-етнолог, универзитетски професор, експерт за прашањата на националните малцинства, претседател на политичка партија, советник во влада на Р.Македонија…..

Можам да го разберам Демир Далип кој секоја фрустрација и комплекс го лечи со пцовки во јавност и безобразни колумни по медиумите , бидејќи тој човек е всушност човек без компас и животна мапа… Манифестација како таа вчера тој не може да замисли а камо па да организира.. прво заради тоа што има повеќе непријатели од пријатели, а второ заради тоа што на се` гледа само профит. Сега ти ќе помислиш еех…голема работа што сте направиле вие, ама зад сцената на вчерашната манифестација десетици млади египќани стоеја и со трпение чекаа дали она на што работеа со недели успешно ќе биде прифатено од Египќаните и другите народности во публиката.

Епа дали г-дине се` горенаведен, не ви е срам каква фрустрирна колумна сте напишале ? Мене ми е навистина жал за тоа што ти до раните утрински часови не си можел да заспиеш по овој настан,судејќи по тоа што колумната сте ја објавиле пред петлите да пропеат в зори .

Дозволи ми сега да ви разјаснам неколку работи кои во вашата колумна конфузно си ги напишал , а можам да се обложам дека дури и сам не веруваш во тоа што си го напишал.

1. Овие млади лични профитери или “клан” – како што не` нарекуваш во колумната (а со кое право не знам) , сме Египќани кои од најмали години се соочуваме со етничка дискриминација, деградација, нетолеранција, отфрлање и навреди од поголемите па и од помалите заедници во Охрид, и ред други асимилаторски манипулации врз нас од страна на другите етнички заедници. Овие профитери, г-дине Земон Осум години по ред организираат КУЛТУРЕН настан со една цел – Промоција на египќанската култура и поголема свест кај граѓаните за постоењето на оваа заедница со цел за подобар соживот меѓу заедниците во Охрид и пошироко, а како тоа вие го сфаќате тоа е ваш личен проблем.

2. Она што вие професоре го нарекувате анти-култура ние го нарекуваме култура, затоа што културата сама по себе подразбира збир од материјални и духовни вредности кои се под влијание на традиционалните рамки и на современите промени кои го формираат прифатливото однесување на членовите на едно општество, и неа ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми, верувања, вредности и однесувања, и поединецот, -од друга страна.

3.Дали настанот беше со политички карактер? Вие професоре сте доволно образован да знаете кога еден настан е политички. Немаше говорење на политичките субјектите пред публика, организаторот на настанот седеше во публика и најнормално го следеше настанот ,па дури и советникот – египќанец не кажа збор. Што виде политички на настанот не ми е јасно?

4.За знамето не сакав да спомнувам ништо, затоа што и сам знаеш дека здружението има право на одредена симболика и амблем ама ете и тоа тебе ти претставувало голем проблем…

5. Јавно ќе се извините на г-динот Никола Митрович – Бабе, кој највеликодушно ни излезе во пресрет организирајќи го делот со изложбата зад кого стоиме сите ние членови на здружението Пирамида а не непознат автор, и тоа што ти го нарекуваш скандал само по себе јас би го нарекла скандалозно затоа што си дозволувате да плукаш.

6.Јавно ќе се извините на лицето кое го нарекувате вехабиста без никаков срам (што и да ви значи тоа) затоа што ако едно лице е аџија (да не објаснувам како се станува аџија) не значи дека можете да дозволите да го нарекувате со други поими. Доколку не се извинете на овој стар египќанец, ќе следува мерка по пропис.

По вашето јавно изјаснување ( бруталната колумна ) очигледно е дека немате нешто само против мене туку имате протв сите оние што работат без вашиот Амин.

На крај ќе завршам со зборовите “водата све ќе измиет ама лошиот јазик не”. Моја препорака до вас професоре е да го зачувате она малку достоинство што ви останало, затоа што треба еднаш за секогаш да се свестите – Египќаните не се ваша сопственост !

Ти не си ничиј пастор !

Ти зад секој наш потег остро реагираш со неодобрување!

Со оваа колумна само докажа дека си отворен непријател на својот народ. Остави да те паметиме по добро а не како наш агресор. Мора ли и од својот да се браниме?

Арбен Демироски – Бено, Претседател на здружението на Египќаните Пирамида Зем – Охрид

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите