Утрово околу 04 часот, во зграда на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид избувнал пожар.
По излегување на местото на настанот, констатирано е дека пожарот се појавил во подрумска просторија сопственост на Ж.Д. жител во зградата, каде на влезот била поставена метална врата. Пожарот бил локализиран и изгаснат од територијалната противпожарна единица.
Стефан Димовски – портпарол на СВР Охрид
СВР Охрид презема мерки за целосно документирање и расчистување на овој настан.
OhridNews
фото: Архива