Нови 444 позитивни на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 2938 тестирања, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 467 пациенти, а починати 11 во изминатото деноноќие. Дополнително, пријавени се пет починати лица, со датум на смрт од 9 до 16 ноември, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин.
Од новодијагностоцораните, во Скопје се190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица по 15, Охрид и Берово по 13, Ресен 11 случаи , Куманово и Штип по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево по шест, Крива Паланка и Кратово имат по пет нови случаи, Валандово – четири, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по три, Радовиш и Пробиштип по два и по еден новозаразен има во Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: три од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се пет починати лица со датум на смрт од 9 до 16 ноември 2021. Двајца се од Скопје и по еден од Тетово, Струмица и Битола и се на возраст од 65 до 80 години. Четворца се починати во болница, а едно лице починало во домашни услови.
Од 467-те оздравени, од Скопје се 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино по 11, Гевгелија – девет, Струмица – осум, Свети Николе и Радовиш по шест, Берово и Пробиштип по пет, Ресен, Кичево и Кратово имаат по четворица оздравени пациенти, Демир Хисар и Виница по тројца, Демир Капија двајца и по еден оздравен е евидентиран од Охрид, Богданци, Крушево и Дојран.
OhridNews