Со низа настани во Охрид ќе се одбележи, 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на градот.

На 6-ти ноември со почеток во 19 часот, седмоноемвриски концерт ќе одржат учениците од ОМУ „Методи Патче” во салата на училиштето.

Во среда, 7-ми ноември, ќе биде положено свежо цвеќе на спомен–обележјата од НОБ кај градските гробишта, Основен суд, двор на СОСУ “Св. Кирил и Методиј”, а ќе се одржи и панихида на спомен- обележјето на Јасна Ристеска во село Рамне.

Историски час 74 ружи за 74 години слободен Охрид во 11 часот ќе се одржи во спомен–паркот на револуцијата.

Свечената програма е закажана да започне во 12 часот на малиот плоштад кај хотел Александрија.

Во 18 часот ќе има свечена приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ “Јасна Ристеска” во Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews