На 31 октомври оваа година, во 15 часот и 10 минути, во полициската станица во Струга, добиено е известување дека две лица  на улицата „Партизанска“, пукаат со пушка кон езерото.

– По брзо излегување на посоченото место, полициските службеници затекнале двајца стружани при што од едното лице одземена е воздушна пушка-Д1 категорија, односно пневматско оружје марка „Гам- ХУНТЕР ИГМ“ калибар 4.5 милиметри и кутивче со 70 патрони  и дозвола за истите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По извршен разговор во полициската станица во Струга, на пријавениот, согласно одредбите на Законот за оружје, издаден му е прекршочен платен налог односно изречена му е глоба во висина од 600-1000 евра во денарска противвредност.