Центар за култура

Од 05.10.2018 - 21:00

Вечерва, 5 октомври, на керал сцената во Центарот за култура “Григор Прличев” концерт ќе одржи мега хит групата “Културно Уметнички Работници”, кои по пауза од девет години повторно доаѓаат во Охрид.
“Работниците” постојат од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење помеѓу членовите на групите “Тотално Опуштање”, “No Name Nation”, “Бомбашки Процес”, “Жолтица на Бродот Баунти” и “Рок Агресори”. Имено членовите на овие групи решија да се состават во една “дива орда” и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата. Бендот зад себе има издадено шест албуми, а во Охрид доаѓаат да го промовираат последниот насловен како K.U.R. VI
Погледнете го и документарниот филм снимен за културните работници, кој е во продукција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ESRA и AWORD продукција, во режија на Љубица Поповска, а насловен како “Денот да е радосен” https://www.youtube.com/watch?v=XA18ASdd7lw
Концертот почнува во 21:00 часот, а карти по цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ.
OhridNews