Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата, информира министерот за здравство Венко Филипче. По градови: 23 нови случаи во Куманово, 12 во Скопје, 2 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга, 1 во Штип и еден во Прилеп. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје-176
• Дебар-47
• Куманово-47
• Штип-15
• Тетово-8
• Прилеп-10
• Струга-7
• Велес-6
• Битола-4
• Охрид-3
• Кавадарци-2
• Гостивар-1
• Крива Паланка-1
• Струмица-1
• Гевгелија-1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.