На денешен ден во 1980. Во Охрид умрел Ванчо Николески, македонски писател за деца и млади.
Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка „Македонче“, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца.
Познати негови дела се „Школско ѕвонче“, „Крај огништето“, „Прва радост“, „Чудотворен кавал“, „Волшебното самарче“. Роден бил во селото Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година.
Г.М.