Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи со КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 5, Струмица и Берово – по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар ,Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица од кои три од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 321 оздравен пациент од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се две починати лица од Гостивар и по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои две се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД – дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6.499.

 

OhridNews