Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 43 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 9, Струга 13, Кичево-21), – информираат од СВР Охрид.

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле  94 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-25, Струга-08, Кичево-40, Дебар-21).

OhridNews