Google Chrome е најпопуларниот интернет прелистувач кој држи 43% од глобалниот пазар. Неговата популарност доживеа голем скок во изминатите две години благодарејќи на добриот маркетинг но и на неговите перформанси.
По него следат Internet Explorer, Firefox, Safari и останатите прелистувачи според бројот на корисници, а во блиска иднина се очeкува Internet Explorer да ја загуби трката со Firefox.