Околу 43 милиони луѓе во неделата ноќта го следеле доделувањето на оскарите, најмногу во изминативе десет години, со што овј спектакл станал најпопуларна забавна програма на телевизија од финалето на серијата „Пријатели“ во 2004 година. Компанијата Нилсен соопштила дека трета година со ред расте бројот на оние кои го гледаат доделувањето на Оскарите.
Минатата година доделувањето на Оскарите го гледале 40,4 милиони лица. Елчен Деџенерис по втор пат ги водела Оскарите и добила добри критики за рабоатата која ја завршила. Оскарите воглавно се втора најгледана телевизиска програма во САД после Суперболот.