Гледано по подрачје, сексуалните злоупотреби над малолетници се најзастапени на подрачјето на Неготино-шест кривични дела, на подрачје на Скопје и Прилеп по пет кривични дела, Струмица четири кривични дела, по три дела во Кочани и Велес, по две во Кичево, Штип и Битола и по едно на подрачје на Гостивар, Виница, Радовиш, Пехчево, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Тетово и Струга. При тоа, за обележување е дека 31 од делата се извршени во градски средини, а останатите во рурални подрачја.
Без оглед на видот на кривичните дела, сексуалните злоупотреби над малолетници во 31 случај се извршени од лица кои претходно ги познавале жртвите, потоа во 4 случаи сторителите ја искористиле роднинската врска со малолетниците, а во останатите случаи сторителите не ги познавале жртвите. Во 21 од случаите сторителите во повеќе наврати сексуално ја злоупотребувале малолетната жртва. Сторителите биле претежно лица со неоформено образование. Петнаесет од нив се малолетни, а најстариот е на возраст од 69 години.
43 деца жртви на сексуални напади, во Охрид регистриран само еден случај
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com