Државниот инспекторат за труд во периодот од 29.6 до 13.7.2009 година, изврши вкупно 1467 инспекциски надзори од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа. При тоа затекнати се вкупно 415 непријавени работници.
Донесени се 33 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи, и 61 решение за забрана на работа на работодавачот (чл.259), од коишто 42 решенија за забрана на работа од 30 дена, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Поднесени се и 53 барања за поведување на прекршочна постапка.
Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа во првата половина на јули, извршија вкупно 443 инспекциски надзори, од коишто 382 редовни и 61 контролен надзор. При тоа, донесени се 135 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедноста и здравјето при работа. Донесена е една забрани за работа за небезбедна опрема за работа во деловна просторија. Извршени се 12 увиди на самото место за потешки повреди при работа и еден увид за смртен случај при работа во “ Искра “ Куманово“.