Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови: Скопје-17, Куманово-11, Прилеп–5, Тетово–3, Кавадарци–1, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Кичево-1, Неготино-1.
Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.
Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид-19.
OhridNews