Во последните 24 часа во земјава направени се 3012 тестови, а регистрирани се 1069 новозаразени со коронавирусот, од кои 41 во Охрид. Изминатото деноноќие починати се 29 лица, а оздравени се 1242 пациенти.
Од новозаразените, најмногу случаи има во Скопје 489, по што следат: Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти, 55 од Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1638, а во моментов активни се 604 случаи.
OhridNews