Здружението на Египѓаните соопшти дека до овој момент 4000 граѓани на Охрид од различна етничка припадност ја подржале петицијата со која се бара вметнување на Египќаните во Преамбулата на Уставот.
Претставникот на Египѓаните, Демир Далип, најави дека акцијата за собирање потписи наредните денови ќе продолжи во Ресен, Битола и во други градови со што се очекува бројот на потписите да се зголеми.
Запрашан зошто иницијативата не е покрената преку Министертсвото за правда, Далип рече дека таа е и вака е потполно легитимна, бидејќи потписниците на петицијата идентитетот го потврдувале со внесување податоци од лична карта.
Далип искажа благодарност на градоначалникот Петрески за подршката на иницијативата и најави дека идната недела делегација на Египќаните ќе се сретне со претставници на Владата на која ќе стане збор за барањето оваа етничка заедница да биде впишана во Преамбулата на Уставот.
ohridnews