Во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни, Светскиот ден на животната средина и „Неделата на животната средина“, Одделението за животна средина при Општина Охрид, денеска, го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: ул.„7-ми Ноември“, ул. „Бекир Алириза“, ул.„Егејска“, ул.„Охридска бригада“, ул.„Тетовска“, ул.„Абас Емин“ од пресекот со бул.„Туристичка“ до ул.„Железничка“, ул.„Дејан Војвода“, ул.„Крали Марко“, ул.„Стив Наумов“, ул.„Јабланица“ и ул.„Бистрица“.
Акцијата ќе се реализира на 6 и 7 јуни, четврток и петок.
Граѓаните од горе споменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ денеска и утре во периодот од 9 до 13 часот, а со себе да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
Целта на овие активности е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.
ОhridNews